Дејвид Блаусер, поштар од Филаделфија, бил осуден на три години општокорисна работа, бидејќи признал дека не испорачал најмалку 12 илјади пратки, туку ги собирал во својата гаража. Тој бил прогласен за виновен бидејќи свесно го опструирал протокот на поштата. Покрај казната, ќе мора да плати и глоба од 500 долари.
Според судската документација, тој поштата почнал да ја крие во 1997 година, собирајќи ја во гаражата секогаш кога немал време да ја испорача. Пратките ги открила неговата сопруга која веднаш ја известила поштата. Неиспорачаните пратки биле изнесени со три поштенски возила.