Индиецот Каши Самадар (55) го соборил светскиот рекорд во патување по светот. Посетил 194 држави во рекорден рок од 6 години, 10 месеци и 7 дена. Своето долго патување го започнал во Холандија, а го завршил на Косово.
Патувањето го чинело 350 илјади фунти. За време на долгата авантура животот повеќе пати му бил во опасност. Во Кабул за влакно ја избегнал смртта бидејќи во хотелот во кој отседнал експлодирала бомба веднаш штом пристигнал. Самадер се вратил со огромен број фотографии кои има намера да ги објави во својата автобиографија.