Во пресрет и за време на меѓународната конференција „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, што во рамките на „Преспа Форумот за дијалог“, на 1 и 2 јули ќе се одржи во Охрид, на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.
Активностите се насочени кон сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што, остварени се контакти со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид отпочна со известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за нивна неодложна дислокација од коловозната лента или тротоарите по булеварот „Туристичка“ и на неколку други улици во централното градско подрачје. На тие сообrаќајници не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. – информира СВР Охрид.
Полицијата апелира до граѓаните, за време на траењето на меѓународната конференција, своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства и, да ги почитуваат насоките и укажувањата на полициските службеници.
OhridNews