Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во петок, 4-ти октомври, во Охрид ќе престојува делегација предводена од државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Охрид ќе преземе соодветни активности, особено во делот на одвивањето на сообраќајот. Во таа насока, остварени се контакти со одговорните лица на правните лица одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид како и со други релевантни субјекти.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид почна со известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на булеварот „Туристичка“ и неколку улици во стариот дел на градот, каде ќе минува делегацијата. На тие сообракајници и улици, нема да биде дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници.