Пред почетокот на натпреварот Охрид – Еурофарм Пелистер од плејофот во Супер, Ракометната федерација на Македонија (РФМ), му додели посебна благодарница на охридскиот тренер, Раде Стојановиќ, за особен придонес во развој на македонскиот ракомет. Стојановиќ втора сезона го предводи тимот на Охрид, а претходно успешно работеше во екипата на Металург. Стојановиќ има ангажман и како селектор, бидејќи ја предводи најмлата репрезентација на Македонија, затоа награда е на место и потполно заслужена.

Гестот на РФМ е исто така за поздрав, бидејќи покажува дека ги цени нашите тренери, особено како Стојановиќ кој е млад, амбициозен и одличен стратег.

OhridNews