Поради присуството на претседателите на Република Косово и Република Албанија, Фатмир Сејдиу и Бамир Топи, на свеченото отварање на фестивалот, и безбедно движење на делегациите и нивните возила под придружба на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ке биде ограничено движењето на моторни и друг вид на возила.
Мерките за сообраќајно обезбедување ке започнат на ден 11.07.2009 година, со отстранување на неправилно паркираните патнички и други моторни возила, како и на оставените предмети од сообраќајните површини особено на Булеварот „Туристичка“ во насока кон хотелските комплекси, спрема стариот дел на градот и кон централното градско подрачје. На овој потег, нема да биде дозволено запирање и паркирање на секаков вид возила.
Имајќи го во вид значењето на средбата, како и потребите на граѓаните, апелираме за исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Охрид.