Во периодот од 30.04.2008 година до 03.05.2008 година, во Охрид ќе престојуваат високи претставници на земјите од Југоисточна Европа-учесници на Самитот на Претседатели на земјите од Југоисточна Европа. За време на движењето на делегациите, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето со моторни и друг вид возила, по што ке продолжи нормалното одвивање на сообраќајот, информираат од Секторот за внатрешни работи -СВР Охрид.
Имајќи го во вид значењето на Самитот, како и потребите на граѓаните, СВР Охрид апелира за исклучива нужност во користењето на возилата. Заради непречено одвивање на сообраќајот, се молат граѓаните да ги отстранат паркираните возила од сообраќајните и други површини во непосредна близина на Булеварот ,,Туристичка“, „Македонски Просветители“,„ Кирил и Методи“, „Самоилова“, „Коста Абраш“ и „Кузман Капидан“.
Итните и непланирани потреби на граѓаните од овие населени простори потребно е да се пријават во Локалната самоуправа или во СВР Охрид, соопшти полицијата.
ohridnews