На 20 и 21 ноември во Охрид под покровителство на престедателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, ќе се одржи Регионален економски форум на земјите од Југоисточна Европа „Конкуренти и партнери  на патот кон Европската Унија“.

По тој повод утре и задутре во Охрид на сила ќе биде посебен режим на сообраќај.Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид возила, информираат од СВР Охрид. Мерките на безбедност ќе започнат денеска со отстранување на неправилно паркираните возила и оставените предмети пред се на булеварот „Туристичка“, улицата „Јане Сандански“, Кеј „Маршал Тито“, како и во централното градско подрачје. На овој потег нема да биде дозволено запирање и паркирање на возила.

СВР Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од употреба на автомобили за време на одржување на Економскиот форум, кога на сила ќе бидат посебни безбедносни мерки во поширокиот реон и објектите каде ќе престојуваат делегациите.

ohridnews