Полскиот ракометен првак Киелце е противник на Вардар во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.


На поголем дел од ракометарите на Вардар им се исполни желбата откако за противник го добија полскиот претставник.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со неговата Барселона ќе му се спротистави на Загреб, кој е најголемо изненадување оваа сезона во ракометната Лига на шампиони.

Двојки :

Загреб – Барселона

Вардар – Киелце

ПСЖ – Веспрем

Пик Сегед – Кил

Првите натпревари се играат од 8-12 април додека реванш мечевите се една недела подоцна.

Мх.П.