После 40 години садење, индиецот Џадав Пајенг створил 550 хектари голема шума, што е повеќе од површината на Централ Парк во Њујорк. Овој подгвиг Пајенг го остварил сосема сам на родниот остров Малуџи, каде загрижен поради пропаѓањето на природните ресурси од ерозијата, го засадил своето прво стебло во 1970 година. Набрзо посадил уште едно, па уште едно и така после четири децении никнала голема шума.

Благодарение на неговиот несебичен труд, спасени се бројни животински врсти кои денес уживаат во оптимално природно живеалиште. Посебен пример претставуваат слоновите и бенгалските тигри кои биле на работ на истребувањето, а денес полека почнуваат да се размножуваат. Според медиумите, за Пајенг е снимен и документарец под наслов “Forest Man” , кој дел е финансиран од корисниците на интернет ширум светот и кој освоил бројни награди.