Дел од тимот на иницијативата „Збогум Буково“ денес посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата „АСНОМ“ во Охрид.

Оваа мала акција е вовед во новата, позелена и похумана година во која ќе дојдеме поблиску до целта, а тоа е Буково да биде излетничка зона. Ги повикуваме нашите сограѓани да внимаваат и да ги чуваат овие млади садници за да може да уживаме во нивните убавини за неколку години, порачуваат од „Збогум Буково“.

Дивиот костен, посочуваат, е впечатливо и прекрасно листопадно дрво. Обично достигнува височина од околу 12 метри и широчина на крошната од околу 8 метри. Иако е брзорастечко дрво, за да ја постигне крајната височина и големина сепак му се потребни 20 до 50 години.

OhridNews