Белата куќа доби нов член- шестмесечно куче. Како награда за трпеливоста во текот на предизборната кампања американскиот претседател Барак Обама на своите ќерки им ветил куче и го исполнил своето ветување. Во конкуренција биле неколку раси на кучиња, но предност добило португалското водено куче бидејќи не му паѓале влакната. Иако се двоумеле за неколку имиња одлучиле кучето да се вика Бо.


Бо во Белата Куќа ќе ги наследи шкотските териери на семејството Буш. Идентитетот на кучето бил криен со месеци, а службеното претставување ќе биде следната седмица.