Екипите на Шкендија и Шкупи, кои се единствени македонски претставници во Конференциска лига, денеска, ќе ги одиграат првите мечеви од втората рунда од квалификациите.
Противник на Шкендија која отпадна од квалификациите за пласман во Лигата на Шампиони е составот на Рига од Латвија. Тетовските „црвено црни“ се благи фаворити во пресрет на двомечот, но сето тоа треба да го потврдат на теренот, вечерва во 19 часот.
Шкупи, пак, има далеку поголем предизвик и поквалитетен ривал од Шкендија. Скопските „сино бели“ силите ќе ги одмерат со португалската Санта Клара. Избраниците на Гоце Седлоски имаа успешен вовед во Конференциска лига, елиминирајќи ја екипата на Лапи. Натпреварот во Скопје на Националната арена „Тодор Проевски“ започнува во 20 часот.
OhridNews