Португалскиот селектор, Паоло Бенто, го комплетира списокот од 23-ца фудбалери со кои ќе настапи на Европското првенство во Полска и Украина.

Очекувано нападот на Португалија ќе го предводат Кристијано Роналдо и Нани, овие двајца постигнаа најмногу голови во квалификациите, додека дефанзивата ќе ја предводат искусните Пепе и Бруно Алвеш.

Голмани: Руи Патрисио (Спортинг), Едуардо (Бенфика), Бето (Клуж)

Одбрана: Жоао Переира (Спортинг), Бруно Алвеш (Зенит), Пепе и Фабио Коентрао (Реал Мадрид), Рикардо Кошта (Валенсија), Роландо (Порто), Мигел Лопез (Брага)

Ред за врска: Карлос Мартинс (Гранада), Жоао Мутињо (Порто), Рубен Микел (Сарагоса), Мигел Велосо (Џенова), Раул Меирелеш (Челзи), Кустодио (Брага)

Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Нани (Манчестер Јунајтед), Уго Алмеида и Рикардо Кварежма (Бешикташ), Хелдер Постига (Сарагоса), Силвестре Варела (Порто), Нелсон Оливеира (Бенфика).

Репрезентацијата на Португалија на ЕП ќе се натпреварува во  „групата на смртта“, заедно со селекциите на Германија, Холандија и Данска.

извор “Макфакс“
Ohridnews