Нема голови по првиот дел од пријателскиот меч меѓу Португалија и Македонија што се игра во Леирија.

15 илајди гледачи на стадионот се уште чекаат на првиот погодок на мечот. Дефанзивниот бедем на македонската селекција ги издржа налетите на португалците предводени од капитенот Роналдо. Ударите на Роналдо и Мутињо од далечина беа најопасните можности по голот на Богатинов.

Селекторот Тошак се одлучи за 3-5-2 формацијата , која им остави доста простор во средината на домаќините. Сепак згуснатиот бедем во состав Новески – Грнчаров – Шиков, португалците не успеваат да го пробијат.

М.П.