Една шолја за кафе која има десет пукнатини се продава за вртоглави 8 илјади евра. Нејзината вредност е толку голема бидејќи е стара 235 години и е од најраните примероци на фабриката за порцелан од Ловесофт. Примерокот го открил колекционерот Расел Спрејк кој го барал сопственикот на шолјата за да ја утврди нејзината старост.
Висока е 8,5 сантиметри, а била украсена од уметникот Роберт Ален. На шолјата има насликана рурален пејсаж, а била украсена во кинески стил кој бил карактеристичен за оваа фабрика од Велика Британија.