Ретка порцеланска шолја, настаната во периодот на кинеската династија Минг, продадена е денес на аукција во Хонг Конг за рекордни 36,05 милиони долари. Малата шолја од бел порцелан, со цртеж на петел и кокошка со пилиња, поради кој е наречена „пилешка шолја“, потекнува од времето на владеењето на царот Ценгу. Со нејзината продажба поставен е нов рекорд за премет од кинески порцелан. Досегашниот рекорд го држела ваза од периодот на царот Чиен Лунг која на аукција во 2010 била продена за 32,58 милиони долари. Претставникот на Сотби за Азија Николас Цоу ја опишал шолјата како свет грал на кинеската уметност.

Тој навел дека не постои полегендарен предмет во историјата на кинескиот порцелан и дека тоа бил митски предмет. Купувачот е поранешен таксист, 50-годишниот Лиу Јичиан, денес успешен финансиски могул и еден од најбогатите кинези, чиј имот се проценува на 1,6 милијарди долари. „Пилешката шолја“ е само една од дваесеттина сочувани во светот. Настанала во периодот на Минг кој се смета за врв на рафинираноста.