Палестинскиот уметник Амер Шомали одлучил да и оддаде почит на заштитното лице на палестинскиот милитаризам, Леили Калед, револуционерката која станала позната откако киднапирала авион. Шомали го направил нејзиниот портрет на необичен начин, со помош на повеќе од 3500 кармини во 14 различни бои и нијанси, но не сликајќи со нив, туку поставувајќи ги еден покрај друг да го творат нејзиниот портрет.
Портретот бил направен по примерот на најпознатата фотографија на Леили Калед, на која оваа икона на палестинскиот милитаризам е прикажана со таканаречена марама „палестинка“, држејќи калашњиков во рацете. Портретот го нарекол „Икона“, а моментално е дел од изложбата која ја организирал универзитетот Бирзет.