Користејќи инсталација на која обесил 1300 мали вреќи за бокс, таканаречени крушки, уметникот Мајкл Калиш изработил единствен портрет на боксерот Мухамед Али. Портретот го направил од 1300 вреќи, 10 километри челичен кабел и 1133 килограми алуминиуски цевки. Портретот е висок 6,7 метри, а интересно е тоа што портретот на еден од најгоемите боксери во историјата може да се види само ако се посматра под одреден агол.
Калиш рекол дека обожава од обични предмети да прави уметнички дела. Според него ова биа неговата животна шанса и му било чест со тоа да му изрази почит на еден од најпознатите спортисти во историјата. Инсталацијата ќе ја изложи оваа пролет во Лос Анџелес каде би требало да се појави и самиот Мухамед Али кој ќе ја обеси последната вреќа.