Користејќи исклучиво отпадоци, американскиот поп-арт уметник Џејсон Месјер успеал да направи интересен портрет на холивудската ѕвезда Линдзи Лохан. За изработка на портретот на актерката, на уметникот му биле потребни 50 часа.
Неговиот мозаик бил направен од разни предмети како празни шишиња, стари шминки, накит, очила за сонце, кредитни картички, мобилни телефони, лисици, амбалажи од лекови, пикавци, чаури од куршуми итн. Уметникот кој живее и работи во Сан Франциско рекол дека ја обожава Линдзи и како се надева дека портретот ќе и се допадне. Додал дека прекрасно би изгледал на ѕидот од нејзината дневна соба.