Портрет на Елвис Присли, прикажан како каубоец, дело на Еди Ворхол, би можел да биде продаден за 30 до 50 милиони долари кога наскоро ќе се најде на аукција во Њујорк. Сликата под наслов “Double Elvis (Ferus Type)“ ќе биде понудена на лицитација на 9 мај во Сотби.
Портретот, на кој славниот пејач е прикажан како пука од пиштол, бил изложен во галеријата Ферус во Лос Анџелес во 1963 година, кога и бил направен. Во Сотби навеле дека тоа е прв “Double Elvis” кој се појавил на пазарот од 1995 година. Ворхол направил серија од 22 слики на Елвис Присли, од кои девет се наоѓаат во музејски збирки.