Престижниот семинар го организира Академијата за комуникации и информации при Владата на кралството Холандија во рамки на „Матра“ тренинг програмата на холандското министерство за надворешни работи. Учество ќе земат педесетина портпароли прес офицери, координатори за јавна администрација, советници за односи со јавност и други лица кои работат на полето на комуникации со јавност од парламентите,министерствата, агенциите, националните секретаријати, генерални директорати и други тела од Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Црна Гора, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
Проектот е замислен како можност за стекнување и размена на знаење и усовршување во сферата на комуникациите и односи со јавноста, практицирање на начините на функционирање на врската помеѓу институциите на системот и јавноста во демократските општества. Во рамки на проектот предвидена е и посета на Парламентот на Кралството Холандија, средба со експерти-членови на Парламентот, како и посета на повеќе оддели на Академијата за комуникации на Холандија.
Портпаролот на СВР Охрид во Хаг
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com