Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека постојат сомневања дека рускиот олигарх бил отруен претходно овој месец по состанокот на кој се разговарало за мировни преговори со украинските преговарачи. Тие не потврдија кој друг бил цел или кој бил изворот на нападот, јави Би-Би-Си.
Претходно, во извештајот на Волстрит Џурнал се тврдеше дека три лица кои присуствувале на разговорите во Киев имале црвенило на очите, постојани и болни солзи и излупена кожа на нивните лица и раце.
Се вели дека Абрамович е веќе добро, бидејќи инцидентот се случил пред неколку недели, и ќе продолжи со преговорите со украинските власти во обид да се стави крај на војната.
Блиски на Абрамович тврдат дека тој учествувал на неколку состаноци и работи само во свое име, откако беше соопштено дека од него била побарана помош.
OhridNews