Ракометниот клуб Порто од Португалија се повлече и нема да ги доигра мечевите од групната фаза во Лигата на Шампиони.

Клубот ваквата одлука ја донесе поради стресот кој го претрпеа играчите, стручниот штаб и целиот персонал, после срцевиот удар на голманот Алфредо Кинтана среде тренинг.

34-годишниот голман заедно со докторите, кои вложуваат надчовечки напори се борат за живот. Докторите се уште не се осмелуваат да ја дефинираат здравствената состојба на Кинтана.

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ќе му излезе во пресрет на Порто, кој заедно со останатите клубови од групата во која се наоѓа и Вардар ќе играат во елиминациите. Борбата во фазата групи беше повисока позиција, која носи релативно полесен противник во елиминациите.

OhridNews