На свечена церемонија, од страна на делегацијата на Охридската Академија на хуманизмот предводена од Амбасадорот Јордан Плевнеш и Зоран Вељаноски Летра ќе му биде врачена Светската Награда на хуманизмот на годинешниот добитник, 100 годишниот португалски режисер Мануел де Оливеира. Амбасадорот Плевнеш ќе одржи беседа за космополитскиот дух на Охрид и библиската Македонија, за македонската филозофија на хуманизамот и пораките на нејзиниот народ кои се вткаени во македонскиот ген, а зрачат кон целиот свет. На чинот на врачувањето на Наградата, Зоран Вељаноски Летра пред присутните ќе го прочита поздравното писмо до годинешниот лауреат од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој го одложи своето патување во Порто заради обврските што ги има како домаќин на повеке значајни настани деновиве, соопшти пдделението за односи со јавност при локалната самоуправа.
Порто ќе го доживее Охрид

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com