Двата натпревари од четвртфиналето во Лигата на Шампиони меѓу Порто и Челзи ќе се играат на неутрален терен во Севиља, поради патните рестрикции на релација Португалија – Велика Британија и обратно, соопштија од УЕФА и португалскиот првак.

УЕФА потврди дека двата четвртфинални натпревари меѓу Порто и Челзи ќе се играат на стадионот „Санчез Писхуан“ во Севиља, објави португалскиот шампион на својата официјална страница.

Првиот натпревар е на распоредот на 7 април, а реваншот на 13 април. Победникот од овој дуел за противник во полуфиналето ќе го има подобриот од пресметката меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Шпанија претходно овој месец објави дека од 30 март се укинува забраната за влез во земјата од Велика Британија. Забраната стапи на сила на крајот од минатата година поради стравувањето од ширење на британската мутација на коронавирус.

OhridNews