По високиот водостој забележан пред само половина година, сликата на Охридското Езеро денес драстично е променета. Како што веќе објави OhridNews , според последните мерења, деновиве, водостојот на езерото се наоѓа на 16 сантиметри над нултата кота, што значи дека во последните шест месеци забележано е континуирано опаѓање на нивото на водата од околу 40 сантиметри. Портите на истекот на реката Црн Дрим од Охридското Езеро деновиве се ширум отворени, а поради намалениот водостој дел од речното корито е суво и обраснато со трева.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com