Долго време овај произведувач се врзува со влегување во најбрзиот циркус Формула 1. Спортскиот свет беше шокиран кога Порше објави дека сака да се повлече од “Ендуранс“ шампионатот и дека како следна дестинација може да биде Formula E. Но покрај тоа се споменуваше учество и во Фомула 1 како добавувач на мотори. Според германските медиуми водич на овај проект би требало да биде Михаел Штајнер.
– Како и сите други произведувачи и ние присуствавме на состанокот на FIA на кој се водеше дискусија за иднината на F1. Во овој момент ние не работиме на развој на агрегат за F1, но нашите проекти се врзани за мотори со висок степен на ефикасност. Засега немаме одлучено што ќе правиме со овој агрегат и дали тој ќе биде искористен во мотоспортот или ќе го пласираме во патничката технологија. Нашиот договор со инжинерите кои работат на овој мотор истекува за 18 месеци. – изјави Штајнер.
На прашањето на новинарите дали се спремаат да влезат во F1 , првиот човек на одделението за развој на погонските единици на Порше кратко рече: Јас моментално не работам на тоа, но ние сеуште званично не се имаме изјаснато за F1.
OhridNews