Германскиот производител на спортски автомобили Порше, изјави дека производството на својот модел „Бокстер“ го сели од Финска во Австрија.
Од 2012 година Бокстер ќе го произведува фабриката Магна Стејр, изјави Порше. Досегашниот партнер во тој бизнис, финската компанија Валмет Аутомотиве на новиот тендер понудила полоши услови од австриската компанија.
Валмет Аутомотиве од 1997 година произвела повеќе од 200.000 Бокстери.