Германскиот Порше е готов со реновирањето на својот прв музеј во Штудгард, во кој се потрошени 100 милиони евра.


Музејот е распространет на повеќе од 1.000 квадратни метри, со модерна архитектура, а за обожавателите на Порше се изложени 80 модели, почнувајќи од првиот модел 336 до најновиот.


Музејот на Порше пред реновирањето

Во внатрешноста на музејот, освен историските модели на автомобили, постои и дел кој е посветен на развојот на 911 Турбо, како и цела низа од тркачките модели на Порше, вклучувајќи ги и оние од трките во Дакар.

Секако дека задоволство да се види болидот на Мекларен со мотор од Порше, кој го возеше легендарниот Ники Лауда, па и различни прототипи на Порше вклучувајќи и трактори, кој ги возел основачот на компанијата, Фердинанд Порше.