Една британска поротничка била отстранета од судскиот процес за сексуално малтретирање, откако случајот го коментирала на Фејсбук.
Службеникот во судот Петер Кар кажал дека поротничката на Фејсбук поставила детали од судењето и од пријателите барала мислење за тоа дали обвинетиот е виновен или не.
Таквото однесување ги крши правилата дека надвор од судницата не смеат да се изнесуваат детали од судењето.
Судењето продолжило со останатите 11 поротници.