Пороците и неспортскиот живот се причините за неуспехот на еден од најдобрите српски кошаркари Милош Теодосиќ во НБА лигата. Теодосиќ уживал во цигарите и алкохолот, а според специјализираниот кошаркарски новинар Зек Ло со таков однос неможе да се издржи темпото кое го наметнува најквалитетната лига во светот.
Теодосиќ во НБА лигата пристигна со 30 години и со навики да пуши цигари и да конзумира алкохол надвор од теренот. Не пушеше и не пиеше премногу, но сакаше да се опушти. Сите знаеаја дека тој нема да успее во НБА лигата со таков стил на живот. 82 натпревари се премногу за таков играч каков што е Теодосиќ. – стои во текстот од Ло посветен за српскиот кошаркар.
Теодосиќ немаше и среќа, бидејќи на стартот од авантурата во НБА лигата го повреди стапалото и мораше да паузира месец и половина. По враќањето во екипата на Лос Анџелес Клиперс репрезентативецот на Србија почна да биде во плановите на тренерот Док Риверс. Во 45 мечеви во првата сезона 30-годишниот кошаркар имаше просек од 9.5 поени. Во втората сезона работите тргнаа надолу за Теодосиќ. Се помалку добиваше шанса и раскинот на договорот со „клиперси“ беше само прашање на време. Откако се врати во Србија тој објави дека сезонава нема да игра повеќе кошарка и ќе се фокусира на семејството.
Теодосиќ во Европа настапуваше шест сезони за ЦСКА Москва и три за Олимпијакос. Кариерата ја почнал во ФМП Железник, а една година како позајмен кошаркар играл во Борац од Чачак.
OhridNews