Објавена е првата порнографска книга за слепи, а покрај експлицитните текстови содржи и 17 релјефни фотографии на голи мажи и жени. Книгата „Tactile Minds“, која е дело на канаѓанката Лиза Марфи, е предвидена за слепи, како и за лица со слаб вид, а се продава по цена од 150 фунти.


Лиза изјавила дека ја направила книгата бидејќи забележала недостаток на пазарот. Додала дека книгата ја изработила кога сватила дека слепите луѓе се изоставени во културата која е преполна со порнографски текстови и фотографии.