Професорката по книжевност Ана Чириани во Северна Италија е суспендирана заради својата хонорарна работа како порно ѕвезда.

39-годишната професорка настапува под уметничкото име „Мадамењеб“ во еротски хардкор претстави на интернет. Школскиот одбор во образложението за нејзината суспензија наведува дека таквите активности во слободното време ги смета неспоиви со воспитно-образовната работа. Чириани која италијанските весници ја нарекоа „порно професорка“ тврди дека секогаш строго го одвојувала своето хоби од работата во училиштето.

„Моето однесување во училиштето секогаш беше професионално и беспрекорно. Јас сум нормална жена која има семејство и работи како наставник. Но освен тоа сакам да ги проширам и своите хоризонти, а сакам и секс“додала Чириани

Ние би додале дека и на учениците им ги проширила хоризонтите!

Ј.М.