Членот на британскиот парламент, Пени Мордаунт, ја разбранувала јавноста кога открила дека во 2002 година во една болница во Лондон, на одделението кое тогаш не работело, бил сниман високобуџетен порно филм. Според нејзините зборови, болницата заработила многу добро од изнајмувањето на нејзиниот простор.
Членката на конзервативната партија, која не сакала да каже за која болница се работи, изјавила дека можеби некои пациенти за време на снимањето се чувствувале подобро, но додала и дека тоа е нешто што не смееле да го дозволат властите во Велика Британија.