Возачите на автопатот крај Москва запреле на сред пат околу полноќ, во четвртокот, за да гледаат порно филм кој некој го пуштил на огромен монитор над автопатот. Сопственикот на мониторот, кој бил наменет за реклами, вели дека хакери му упаднале во компјутерскиот систем и го пуштиле филмот за возрасни.


Се претпоставува дека станува збор или за хулигани или за луѓе од конкурентските фирми. Снимката со застојот на сообраќајот и возачите кои го гледаат филмот стигнала и на Ју Тјуб, но била отстранета поради кршење на правилото за забрана за објавување порнографија.