Чарли Шин одлучил да му каже збогум на алкохолот, но уште долго време на актерот најверојатно ќе го следи дел од зависничкото минато. Имено, Кејси Џордан, една од девојките која се забавувала со Шин на неговите забави му испратила порака дека е бремена.


Му напишала дека и е жал што се испаднало така, но и дека пред да им соопшти на медиумите мора да му каже дека е бремена. Актерот пораката наводно ја игнорирал, а Кејси планирала да абортира. Тврди дека не сакала да го привлече вниманието на медиумите на ваков начин.