Главниот фаворит за освојување на ЕП што се игра во Македонија, Норвешка , не брилираше по првиот  натпревар одигран во Охрид, но норвежанките не се премногу возбудени поради тоа велејќи дека има уште многу да се игра.

Шефот на норвешката делегација ,Гури Оуран, раскажува за нивното патешествие до Македонија, и неколкуте денови поминати во Охрид. Репрезентативките останаа “голи“ откако нивниот багаж не пристигна на скопскиот аеродром по летот Осло  – Виена – Скопје.

– Приморани бевме да одиме во шопинг, а притоа да ги купиме  основните работи, почнувајќи од четки, паста за заби . Девојките се облекоа во ново руво од глава до петици, почнувајќи од долна облека па се до јакни – вели Оуран.

За норвежанките охридската чаршија е доста интересна и пред се евтина па така можеле да си купат се што ќе посакаат. Традиција во нивната земја е почнувајќи од 1 декември па се до Божиќ, во фамилијата да се разменуваат подароци, па хотелските соби во охридскиот Метропол се полни со новогодишни украси.

Олимписките прваци одлично се справуваат со психолошкиот товар, а во тоа им помага традиционалната норвешка каша “порич“.

– Секое утро нашиот фиозтерапевт Јан ја подготвува нашата “омилена“ храна. Се работи за каша која се состои од млеко и житарици кои се со виска енергетска вредност и калорични. Мало изненадување во кашата е тоа што има еден, само еден лешник. За среќниот пронаоѓач слудува награда чоколадо – низ смеа ни објаснува Гори Оуран , шеф на делегацијата на репрезентацијата на Норвешка.
 

Норвежаните  не се премногу  запознаени со нашата земја. Единствено знаат дека е православна и дека Охрид е град под закрилата на Унеско.

M.Постоловски