Актерката Кајли Куоко побара развод од познатиот тенисер Рајан Свитинг, бидејќи, како што вели, веќе долго е зависен од таблети против болки, а и не сака да се излекува. Освен тоа објаснување, постои и она кое вели дека се развеле најмногу благодарение на нејзиниот тежок карактер.

 

Во секој случај, нема да и се допадне информацијата според која нејзиниот поранешен сопруг бара алиментација. Имено, тој за време на бракоразводната парница побарал алиментација од Кајли пред судот. Кајли заработува милион долари по епизода од серијата „Бубалици“, а богатството и се проценува на 45 милиони долари. Во споредба со неа, Рајан е доста посиромашен бидејќи заработува само два милиони долари.