Охридските ракометари испишаа историја во Супер лигата пласирајќи се на вицешампионската позиција позади првакот Металург во регуларниот дел од сезоната.


Поразот од Вардар Јуниор (23-22) во последната рунда од Супер лигата нема да остави никаков белег на беспрекорната сезона за ракометарите на Охрид.


„Гладијаторите“ со скор од тринаесет победи и пет порази се најпријатното изненадување во суперлигашката сезона, а се уште не се почнати вистинските возбудувања. Сезонава ќе кулминира со мечевите од плејофот и Купот на Македонија.

Металург и Охрид заедно со Прилеп, Работнички, Вардар и Макс Струмица ќе бидат дел од плејофот додека Пелистер, Тинекс Пролет, Радовиш, Борец, Металург 2 и Вардар Јуниор ќе разигруваат за опстанокот.

OhridNews