Нецели два месеци после пласманот во финалето на Мундијалот и освојувањето на сребрениот медал Хрватската фудбалска селекција на гостувањето во Шпанија го претрпе највисокиот пораз во историјата. „Црвената фурија“ славеше со 6-0 во дуелот кој се одигра во Елче во рамките од Лигата на Нации.
- Од овој меч треба да извлечеме голема поука. Без агресивност, страст, желба за надигрување, нема резултат. Едноставно нашата игра се распадна. Се надевам дека ова беше само еден лош ден. Тоа им се случува и на други репрезентации. Верувам дека веќе нема да се повтори вакво наше издание. – изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.
Капитенот Лука Модриќ исто така призна дека вакви падови на селекција како Хрватска не се дозволиви.
- Не очекувавме вакво нешто иако знаевме дека ќе бид тешко. Во мечот влеговме многу добро, имавме неколку прилики за погодок. Првиот погодок не делуваше на нас, но вториот и веднаш потоа третиот делуваше многу и се распаднавме. Селекција каква што е Хрватска не смее да има вакви падови и натпревари. Се надевам дека сите ќе излеземе победници од овој висок пораз. – рече Модриќ.
„Коцкастите“ шанса за поправен ќе имаат за месец дена против Англија во втората рунда од фазата по групи во Лигата на Нации.
OhridNews