Охридските ракометари по голема борба мораа да му пружат рака на своите ривали од Металург кои славеа со тесни (21-19) во „Билјанини Извори“ во седмата рунда од плејофот во Супер лигата.


Пораз како пораз боли, но не значи ништо бидејќи судбината за исполнувањето на целта во плејофот ракометарите на Охрид ја имаат во свои раце.

Одлучувачки натпревари за „гладијаторите“ ќе бидат следните три кои ги очекуваат до крајот на ракометниот шампионат.


Финалната битка охридските бели ја започнуваат в среда против стариот должник Струмица кој успеа да ги „зграпчи“ бодовите во Охрид.

Потоа, ги очекува меч со Прилеп на домашен терен, а сезоната ја завршуваат во Скопје кај екипата на Работнички.


Во случај на ист број на бодови на две екипи се смета исходот од двата меѓусебни дуели додека три екипи ако имаат ист број на бодови се сметаат резултатите од трите меѓусебни пресметки.

Распоред:

Макс Струмица: Охрид (дома), Вардар (гости), Металург (дома).

Прилеп: Работнички (гости), Охрид (гости), Вардар (дома).

Охрид: Макс Струмица (гости), Прилеп (дома), Работнички (гости).

Мх.П.