Екипата на Интер на дуелот со Болоња имаше се во свои раце, но на крајот остана со празни откако гостите со играч помалку и изненадувачки пресврт стигнаа до победа (1-2) и трите бодови. Поразот на „Џузепе Маеаца“ го разочара Антонио Конте а директорот на клубот Џузепе Марота најави чистка во клубот.

Се сомневам во моите квалитети и дали сум јас вистинскиот човек за Интер. Поразот многу ме разочара и сериозно ќе видам што и како понатаму. – изјави Конте.

Марота го составил списокот и на него се наоѓаат околу десеттина фудбалери. Италијанските медиуми шпекулираат со имињата на Борха Валеро, Матијас Весино и Роберто Гаљардини, Виктор Мосес, Алексис Санчез, Кристијан Бираги,  Жоао Марио и Валентино Лазаро. Дел од „нероазурите“ нема да бидат ниту Раџа Нанголан и Иван Перишиќ.

OhridNews