Вториот состав на Металург со пораз од Пелистер 21-14 ги започна натпреварите во пролетниот дел од Супер лигата.
По заминувањето на првотимците во Металург сите ракометари од втората екипа беа преселени во првата и немаа сила да се справат со битолски ракометари.
Токму екипата на Металург и местото на табелата е таргет на охридските ракометари кои в понеделник играат со Тинекс Пролет.
Победата е единствена опција за „гладијаторите“ на гостувањето во Скопје, а поразот на Металург 2 треба да биде дополнителен штимунг.
Ohridnews