Кошаркарскиот клуб АВ Охрид скапо со две повреди на стандардни играчи во првата петорка го плати поразот од Гостивар на домашен терен во осмата рунда од Првата лига.

Со скршен нос и во болница после натпреварот заврши младинскиот репрезентативец Стеван Глигоријевиќ. Повредата на носот му беше санирана на 20-годишниот кошаркар кој ќе мора да паузира најмалку десет дена.

На повреда после мечот со гостиварчани се пожали и најискусниот во екипата Слободан Михајлоски. Дополнителни прегледи на шаката и петицата од Михајлоски не покажаа ништо сериозно и најверојатно ќе биде во стројот на АВ Охрид за дуелот со Сплит во Втората АБА лига.

После осум натпревари „галебите“ во Првата лига имаат половичен скор од четири победи и четири порази и се наоѓаат на срединта од табелата. 

OhridNews