Ракометарите на Охрид претрпеа пораз од Металург 36-25 (21-14) во дерби пресметката во рамките од 12-та рунда од Супер лигата.
Охриѓани сосема солидно до 20-та минута им парираа на „металурзите“ кои со две серии на погодоци во последните десети минути се одлепија на високи плус седум (21-14) на полувремето.
Обрачот пред голот домаќините уште повеќе го стегнаа во вториот дел во кој „гладијаторите“ постигнаа вкупно 11 погодоци.
Ротацијата во составот на Лино Червар му донесе свежина во одбраната и разноврсност во нападот на што охридскиот состав немаше одговор.
Металург дерби пресметката со Охрид ја заврши без Кукоски и Петров. Првиот заработи црвен картон по три исклучувања додека пивотменот поради намерно удирање без топка на Кежиќ.
Со седум погодоци најефикасен во тимот на Охрид беше Вражалица, еден помалку реализираше Павловиќ, до пет броеше Печенковски, а четири реализираше Хогас.
Во листата на стрелци се запишаа уште Стојановиќ, Тасески и Белевски. Голманскиот тандем Колев – Костески заедно искомбинираа девет одбрани.
Металург со триумфот ја продолжи победничката серија во Супер лигата и је прекина охридската која траеше седум натпревари.
Следниот натпревар охриѓани го играат в недела во 18 часот пред своите гледачи против Радовиш.
Фото : Р.К. Металург
Ohridnews