Македонските кошаркари со пораз ги завршија квалификациите за Евробаскетот во 2017 година. Во Солнок, во последниот меч, синоќа,  Унгарија славеше над Македонија со 63-61.

Македонија ја прекина успешната низа од четири последовни учества на континеталните првенства, откако одигра мизерни квалификации, во кои ги загуби четирите натпревари против директните конкуренти за пласман Унгарија и Велика Британија, а запиша само две победи над аутсајдерот Луксембург.

Мечот во Солнок беше последен за селекторот Драган Раца, кој немаше капацитет, ниту пак знаење да го извлече максимумот од оваа генерација и да ја однесе Македонија на самитот на најдобрите во Европа.

OhridNews
извор: „Макфакс“