Охридските “бели“ претпреа пораз од Шкендија на последното коло во есенскиот дел од шампионатот. Тетовци на теренот во Велмеј со 3-1 го совладаа Охрид.

Главен виновник за прекинот на позитивната мини серија на “белите“ беше капитенот на тетовци Бурхан Емрулаи. Нерешлива енигма за охридската одбрана беше напаѓачот кој уште еднаш ја потврди својата класа, а со двата погодоци заврши на врвот на листата на стрелци.

Резултатот беше отворен во 15 минута, од пенал а сигурен реализатор на најсторгата казна беше токму Емрулаи. Хасани на стартот на вториот дел го зголеми водстовото, а, Китрозоски го намали резултатот  и го направи финишот неизвесен.

Прашањето околу конечниот победник беше одлучено во  81 минута кога Емруали одлично се снајде по центрашутот на Елмазовски и со својот втор погодок на мечот ги разреши дилемите околу конечниот победник.

М.П.