Летонија по продолжението од пет минути со 83-82 ја совлада црвено – жолтата чета на Арсиќ.
Кобни за македонската селекција беа слободните фрлања. Прво Димитар Мираковски при резултат 74-74 на 1 секунда пред крајот на регуларниот дел не реализираше две слободни фрлања.
На 10 секунди пред крајот на продолжението при резултат 81-80 на линијата за слободни беше Илиевски кој реализираше само едно.
Пропуштените шанси ги казни Јаниценкос кој со звукот на сирената погоди за три и ја доведе домашната селекција до првите три бода.
Наредниот натпревар во квалификациите Македонија ќе го игра во Скопје на 6-ти септември против Португалија.