Македонската женска ракометна репрезентација денеска во 17 ч. се среќава со Германија во рамките на третото коло од четвртфиналните групи. Синоќа Македонија загуби од Норвешка убедливо со 13: 28. Претходно бевме поразени и од Полска (35:33), со ги загубивме шансите за повисок пласман на континенталниот собир во Шведска.
До крајот на натпреварите по групи-втора фаза, Македонија уште ќе се сретне со Германија која на отворањето на четвртфиналните натпревари славеше над Унгарија со 34:27.